Ние се гушиме, претседателката и двајца министри ќе не спасуваат од загадување во Баку
Скопје и годинава е еден од најзагадените градови во светот, ама за таа тема никој не се ангажира во Македонија. Место тоа, двајца министри, Сања Божиновска и Изет Меџити, заедно со претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова отидоа во Баку на конференција за климатските промени КОП29, за кои не прават ништо во сопствената држава. Конференцијата ја организираат ОН, а Баку е одбран бидејќи тамошниот претседател веројатно платил да се одржи таму, а Азербејџан е и добра дестинација за политички туризам, што се потврдува со фактот дека дури тројца високи функционери од Македонија отидоа таму на државна сметка.
„Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели“, стоеше во соопштението на претседателката Давкова од средбата.
Утре, претседателката Сиљановска Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади.
На конференцијата нема да дојде претедателот на САД, Џо Бајден, ниту пак германскиот лидер Олаф Шолц. Присуствуваат само неколку лидери од Групата 20, чии земји сочинуваат речиси 80 отсто од глобалните емисии. Се очекува присуство на делегации од 200 земји.