Ни Исус не би влегол во Британија, освен ако не ни треба столар
Со поставувањето на имиграциониот систем на премиерот (Борис) Џонсон, и Исус Христос би бил одбиен на граница во Британија – изјави надбискупот на Кантенбери, Џастин Велби.
– На нашиот основач, Исус Христос, кој секако, не бил белец, припадник на средната класа и Британец – не би му била одобрена виза – освен во случај да сме во недостиг на столари – изјави тој на Си-би-ај конференцијата во Лондон.
Неговата критика на имиграциониот систем предизвика смеа и аплауз од публиката.
Премиерот Џонсон е еден од најдрастичните во залагањето за имиграциониот систем на бодување со кое на имигрантите би им се доделувале поени на основа на квалификација, едукација, години, познавање англиски јазик, како и способности потребни за живот во Велика Британија.