Next Gen Design – Македонија поблиску до водечките европски дизајнерски платформи
Петте големи меѓународни дизајн платформи и фестивали: “Skopje Design Week” на “Public Room” (Македонија), Фестивал Миксер (Србија), Дизајнавстрија (Австрија), What Design Can Do, Амстердам (Холандија) и Центарот за дизајн од Барселона (Шпанија) се обединија за да го започнат амбициозниот проект: Next Gen Design, кој има за цел не само да го поттикне учеството на младите туку и да поттикне промена на парадигмата и насочување кон циркуларен дизајн. Партнерството се појави како одговор на итна потреба да се поттикнат младите дизајнери на возраст помеѓу 18 и 35 години ширум Европа да преземат активна улога во обликувањето на одржлива иднина.
Проектот Next Gen Design, поддржан од Европската комисија и Министерството за култура на Македонија, директно се справува со нужноста за иновативно и амбициозно вклучување на младите во изнаоѓање долгорочни дизајн и иновативни решенија. За таа цел ќе бидат отворени меѓународни конкурси за дизајн решенија за сите млади дизајнери од Европа кои ќе се реалзираат во 2024, 2025 и 2026 година ќе ги промовираат принципите на одржлива и циркуларна економија. Од вчера е активен онлајн центар преку веб страницата https://nextgendesign.eu чија намена е споделување идеи и учење за позелена иднина во која е инкорпориран прашалник за млади од 18 до 35 години (https://nextgendesign.eu/survey/) со цел да се детектира свесност за Европскиот зелен договор и истиот да се прилагоди на потребите и можностите на младите во регионот и Европа. Соработката на петте меѓународни платформи за дизајн ќе понуди серија истражувања, отворени повици за дизајн решенија и учество на европскит дизајн фестивали, работилници и резиденции во фабрики. Ова фестивалско партнерство означува значаен чекор за формирање на следната генерација дизајнери свесни за климатските промени во светот.
За Public Room
Public Room е основана во 2007 година врз основа на бизнис модел на социјални иновации и претприемништво. Од 2015 година го лансира уникатниот модел на социјално претприемништво и станува водечка граѓанска организација за дизајн на социјални иновации во целиот балкански регион. Активностите и програмата го зајакнуваат непрофитниот сектор од регионот главно во доменот на креативните индустрии и особено дизајнот. Во 2011 година Public Room го иницираше годишниот фестивал “Skopje Design Week” во Скопје и ја користи оваа платформа за тесно поврзување на дизајнот секторот, бизнисот и образованието. Овогодинешното издание на “Skopje Design Week” ќе се одржи од 6. до 10. ноември на две локации во Скопје, Public Room и Мала станица. Врзете ги појасите, полетуваме повторно!