Неврологија закажувала само 13 отсто од од термините за пациенти преку „Мој термин“
Констатирани се неправилности во работењето на Клиниката за неврологија. Државниот завод за ревизија во својот извешај за работењето за 2023 одина изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и резервирано мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.
Ревизијата откри дека потрошените лекови за ретки болести од донација не се никаде евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.Утврдени се слабости во планирањето и реализацијата на средствата од условен надоместок за набавка на имуномодуларна терапија.
Во текот на 2023 година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги со користење на медицинска опрема преку апликацијата „Мој термин“, односно само 13 отсто. Во дел од спроведените постапки за јавни набавки била констатирана несоодветна примена на Законот за јавни набавки. Биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност на Министерството за финансии, а била утврдена и несоодветна контрола на користење на услугите од ЈУ за заеднички работи.
Доколку сакате да го видите целиот извештај на ДЗР тоа може да го направите тука.