Невремето откорнало 119 дрвја, расчистени 34 локации
Екипите на ЈП Паркови и зеленило продолжуваат со расчистување на последиците од вчерашното невреме. Тие интервенираа со 100 работници и со механизација од 7 камиони и 2 платформи. Екипите работеа до 2 часот наутро при што беа расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки.
-Во текот на вчерашниот ден од 17 до 24 часот добивме 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот, без оние во Градскиот парк. Од утрово на терен се присутни работниците од секторите дрвореди, градско зеленило, вонградско зеленило и механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот.

Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје, а продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција. Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации, порачаа од ова јавно претпријатие.
