Невреме во Загреб: Повеќе од 700 интервенции, петмина повредени
Ветрот на подрачјето на Загреб речиси целиот ден уривал стебла, реклами, чадори за сонце, покриви и делови од фасади.
Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало проблем и во градскиот сообраќај.
Некаде се забележани и скршени семафори, а итните медицински служби и пожарникарите интервенирале во текот на целиот ден. Полицијата ги предупредила граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку не е неопходно.
Државниот метеоролошки завод издаде предупредување за речиси цела земја поради појава на силен ветер и екстремни количества врнежи од дожд.