Невреме во Скопје


Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.