Невреме во Прилеп, град со големина на орев, дворовите побелеа


Силно невреме денеска зафати делови од Прилеп, проследено со ветар, пороен дожд и град.

Како што јавуваат локалните жители, во делови од регионот, градот беше со големина орев.

За сега нема информации за предизвикани материјални штети, но фотографиите што се споделуваат покажуваат побелени дворови од паднатиот град.

Невреме имаше и во Битола.

И во Скопје утрово врнеше дожд проследено со грмотевизи, што е невообичаено за овој период од годината. Исто така, повремено и врнеше град.