Невреме го зафати Скопје, над Велес се појави суперкелиски облак


Пороен дожд, грмежи, силен ветер и град го погодија Скопје попладнево. Во некои населби од главниот град, како и во центарот, ветрот носи сѐ пред себе и стана многу мрачно од надвиснатите густи облаци.

„Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес. Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер. Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер. Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и можна појава на град“, информира УХМР.

Оттаму информираат дека силна нестабилна облачна маса има и во Велес, како и во штипскиот и во кривопаланечкиот регион. Таа е проследена со интезивни јаки поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и со појава на град.

 

Метеорологот Славчо Поповски објави дека над Велес, пред силното невреме, се појавил суперкелиски облак.

Нестабилна облачна маса имаме и во Прилепскиот регион, измеѓу Прилеп и Росоман , Неготино , Демир Капија, Виница Делчево . Насекаде има појава на пороен дожд, силни електрични празнења , засилен ветер и можна појава на град.

„Слободен печат“ објави видео на кое се гледа дека во населбата Козле во Скопје паѓал и обилен град.

Дождот што го зафати главниот град донесе значително освежување по претходните пеколни денови. Според метеоролошките најави, врнежите ќе продолжат до околу 19 часот. Со пристигнувањето на дождот, температурите опаднаа во голема мера, и моментално се движат околу 22°C.