Неверојатната Полјачка Александра Мирослав за половина час два пати го собори светскиот рекорд во искачување на ЛОИ
Денеска во Париз се одржаа квалификациите во брзо спортско качување каде доминираше Полјачката Александра Мирослав и два пати го собори светскиот рекорд.
Мирослав на Олимписките игри пристигна како актуелен светски рекордер и прв фаворит, а 30-годишната жена со нејзините вештини воодушеви неколку илјади луѓе од публиката која дојде да гледа спортско качување.
Светскиот рекорд на Полјачката пред натпреварот изнесуваше 6,24 секунди, а на почетокот на квалификациите го подобри за 3 стотинки.
🔥🔥 MONSTRUEUSE !!
Alors qu'elle venait de battre son propre record du monde à la 1ère manche, Aleksandra Miroslaw ATOMISE son record une 2ème fois, avec un temps de 6.06s !
Suivez les Jeux de #Paris2024 sur Eurosport avec Max, Canal+ et nos partenaires de distribution pic.twitter.com/dwiZvfbCY0
— Eurosport France (@Eurosport_FR) August 5, 2024
Сепак, нејзиниот подвиг не заврши тука, бидејќи само половина час подоцна таа се искачи на врвот на полигонот во осминафиналето за само 6,06 секунди и со тоа заработи огромни овации од публиката.
Четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се одржат во среда од 12:35 часот и ќе биде интересно да се види дали Мирослава ќе успее да ја пробие границата од 6 секунди, а со тоа да ги помести границите на спортското качување.