Неверојатна моќ на природата: Видео покажува колку земјотреси ја погодиле областа околу Петриња
Областа околу Петриња во Хрватска изминатите денови беше погодена од стотици земјотреси.
Покрај двата најсилни, оној на 28 декември 2020 година во 6 часот и 28 минути со магнитуда М = 5,0 со епицентар кај Петриња и разорниот земјотрес на 29 декември 2020 година во 12 часот и 19 минути со јачина М = 6,2 степени имаше и бројни последователни земјотреси.
Сеизмолошката служба на геофизичкиот оддел на ПМФ во Загреб објави видео кое ги прикажува епицентралите на сите анализирани земјотреси што се случија на 28 и 29 декември 2020 година, пренесува хрватски Дневник.
Круговите се пропорционални на големината на земјотресот, а прикажаното време е според UTC (координирано универзално време), што е за еден час подоцна отколку во Хрватска.
Она што веднаш паѓа во очи е бројот на овие кругови што се појавуваат веднаш по разорниот земјотрес. Кога ќе завршат со анализата на објавување на податоци за сите регистрирани земјотреси во изминатите пет дена, видеото ќе биде уште повпечатливо.