Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години


Вчера, 8 јуни, приватната болница „Неуромедика“ го прослави  јубилејот 30 години постоење со голем гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости. Настанот доби посебен шарм со македонскиот актер и водител Сашко Коцев, а за забавата и супер расположението на присутните гости се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ и бендот Тринити Стрингс од Скопје. Свое обраќање имаше и сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика, Д-р Емил Угриновски, кој лично им се заблагодари на присутните за присуството на овој голем настан и се осврна на предизвиците со кои се соочувала компанијата во изминатите 30 години, а истовремено го изрази своето уверување дека успесите на компанијата ќе продолжат и во иднина.

“Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да биде она што е денес.” – истакна Д-р Емил Угриновски, сопственик и Генерален менаџер на Неуромедика.