Нестабилно време со пороен дожд попладне


Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени, а УВ индексот 6.

Времето во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.