Нереди во Франција: Илјадници на улиците против новиот закон за безбедност

 

Илјадници луѓе се собраа на улиците ширум Франција за да искажат незадоволство од новиот закон за безбедност и полициско насилство.

Граѓаните на Париз се собраа нешто по 14 часот носејќи транспаренти со натписи: „Слобода, еднаквост, браство, за кого?“, една недела по сличните протест кои доведоа до судир со полицијата.

Демонстрантите се противат на новиот закон за безбедност поради кои би било незаконско да се снимаат и идентификуваат полицајци со намера да се „наштети на нивниот физички и психички интегритет“. Оако владата поради негодувањата одлучи да го преиспита спортниот ел, противниците на законот и понатаму тврдат дека тој би можел да ја подрива слободата на печатот, изразување и демонстрации.

На објавените видео-снимки од Париз се гледаат голем број луѓе на улиците, како и дека полицијата употребува солзавец за да ги растера. Исто така, демонстрантите ја гаѓаат полицијата со стаклени шишиња и други предмети, и фрлаат пиротехнички средства. Неколкумина запалија и оган на улица, и врз паркирани автомобили.

Претседателот на франција, Емануел Макрон вели дека не може да дозволи да се зборува оти во Франција се намалуваат слободите.

„Тоа е голема лага. Не сме ние Унгарија или Турција“, порача Макрон.

Ги осуди насилствата и од полицијата и од демонстрантите.