Нереална доминација на Кинезите – 220 медали на Параолимписките игри!


На неодамна завршените Параолимписки игри во Париз (28 август – 8 септември) натпреварувачите од Кина беа убедливо најдобри и најуспешни по бројот на освоени медали.

Само во параатлетските дисциплини, спортистите од втората најнаселена земја во светот освоија 21 златен медал, 22 сребрени и 16 бронзени медали.

Речиси досега не била забележана таква доминација на спортисти со одредени инвалиди на големо натпреварување како што беше во Париз оваа година.

Збирно, Кинезите само во параатлетика освоија вкупно 59 медали – вкупно 220 медали на Игрите!

Исклучително успешни беа и во пливањето, кое полека им станува примарен спорт на редовните Олимписки игри, покрај пинг-понг. Дури 54 медали во пливачки спортови освоија паранатпреварувачи од Кина.

Од тој број, 22 се златни, 21 сребрени и 11 бронзени.

На второто место по бројот на освоени медали, далеку зад Кина е Велика Британија, која освои речиси 100 медали помалку од апсолутните шампиони, вкупно 124.

Трет најдобар резултат постигнаа параолимпијците од Соединетите Американски Држави со 105 медали.