Ненад Георгиевски и Мијалче Иванов добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


Ненад Георгиевски  и Мијалче-Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023  година,  за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на  Северна Македонија.
 
Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на  новинарот и публицист  Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во областа на новинарството.
 
Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ е  Зоран Бојаровски.
       
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2023 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.