Нема времен пасош за Камчев
Кривичниот суд не му даде привремен пасош на Орце Камчев. Скопска Единица донесе ваква одлука откако и обвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење и одлучи дека бизнисменот не треба да добие времена патна исправа за да патува во странство.
Камчев е осомничен во случајот Империја, за перење пари и во текот на истрагата, со амин на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, доби привремен пасош од шест месеци за да ја може слободно да ја напушта државава.
Времениот пасош на Камчев истече пред десетина дена кога и официјално побара нов поради патувања во Турција и Швајцарија.
Откако се дозна дека Стефанова не дава зелено светло тој да добие пасош, Камчев поднесе кривична пријава против неа против Катица Јанева и нејзиниот син Лазар.