Без јасен победник на изборите во Бугарија во недела


Резултатите од истражувањето на агенцијата „Алфа рисрч“ не покажуваат јасен победник на претстојните парламентарни избори во Бугарија, што ќе се одржат на 2 април. Податоците од истражувањето покажуваат дека во парламентот би влегле пет партии и коалиции.

ГЕРБ-СДС ја поддржуваат 25,9 отсто од тие кои одлучиле да гласаат. Колаицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија доби 25,4 отсто од гласовите во анкетата. Оваа разлика е многу под статистичката грешка и практично го потврдува паритетот меѓу двете водечки политички сили, коментираат од „Алфа рисрч“. За Движењето за права и слободи (ДПС) ќе гласаат 13,8 отсто, за Преродба 13,6 отсто, а за Бугарската социјалистичка партија (БСП) 8,2 отсто.

 

Од учесниците во истражувањето, 39 отсто рекле дека ќе гласаат на парламентарните избори. Други 13 отсто сѐ уште да се двоумат, бидејќи е можно да донесат одлука на самиот изборен ден. Кампањата го смени мислењето за кого да гласаат на 11 отсто од тие кои одлучиле да излезат на гласање. Останатите 15 отсто сè уште не одлучиле кого да поддржат, покажуваат резултатите од истражувањето. 

 

 

Ризикот е прорускиот претседател Румен Радев, противник на испраќање муниција во Украина, да продолжи да владее од Софија. Без стабилно парламентарно мнозинство, Бугарија нема да може да ја спроведе реформата во правосудството ветена на Брисел, која ќе ги блокира исплатите за 4,5 милијарди евра според Планот за закрепнување. Во исто време, властите во Софија, исто така, покажуваат сериозно двоумење во апсорпцијата на средствата од ЕУ за зелената транзиција, флертувајќи со лобито за јаглен и ширејќи антиевропски чувства.

За бугарските партнери во ЕУ долгогодишното владеење на Радев е многу лоша вест, бидејќи тој не може да преговара за долгорочни политички одлуки бидејќи нема свое парламентарно мнозинство. Сепак, неговото играње со проруските чувства на Бугарите може да предизвика проблеми во Европскиот совет – што значи дека Бугарија ќе продолжи да биде црната дупка на политиката на ЕУ и може само да го попречи постигнувањето единство за клучните прашања.

Иронијата е што трите најголеми политички формации во земјава си лепат евроатлански етикети. 

 

 

Спротивставувањето меѓу првите две политички сили и фокусот на вниманието на јавноста врз нив ги става малите формации во понеповолна ситуација, коментираат од „Алфа рисрч“. Бугарски подем и Левица имаат теоретски шанси да ја прескокнат бариерата од четири проценти, но гласањето во голема мерка ќе зависи од нивната способност да ги убедат своите гласачи „зошто треба да отидат до гласачките места“, додава агенцијата. Бугарски подем добива поддршка од 3,9 отсто. За Левица ќе гласаат 3,1 отсто, а за Има таков народ 2,3 отсто. 

 

Коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов лесно би можела да формира стабилна влада со други партии, но Борисов е фигура која предизвикува поделби. Некои политички аналитичари тврдат дека следните американски санкции би можеле да влијаат на самиот Борисов, откако тој обезбеди продолжување на рускиот гасен проект „Турски тек“ за Унгарија и сега се покажува како пречка за формирање на стабилна евроатлантска влада на источното крило на НАТО. 

„Тие си играат со оган бидејќи следниот дел од Магнитски ќе оди погоре, а сите знаеме кој е повисоко“, коментира политичкиот аналитичар Петко Георгиев.

Трета политичка сила во Бугарија е ДПС. Јадрото на партијата го вклучува турското малцинство во Бугарија, а самата партија има евроатланска етикета со забележително проруски гласачи. Ваквиот парадокс е можен затоа што електоратот на ДПС не е променет од крајот на тоталитарниот режим во Бугарија во 1989 година, а турското малцинство ја прифаќа партијата како главен гарант за нивните права и слободи.

 

На четвртото место е проруската популистичка партија Преродба, со енергичниот популист Костадин Костадинов, кој се смета за голема закана за евроатлантската ориентација на земјата и има сериозно влијание на социјалните мрежи, главно на Фејсбук. Костадинов го повторува рускиот наратив, вклучително и дека војната во Украина ја започнаа САД. Во исто време со предизборната кампања, Преродба собира потписи за да предизвика референдум против влезот на Бугарија во еврозоната, тврдејќи дека се собрани над 430.000 потписи (речиси 8% од бугарското население). 

 

Петтата партија е проруската Бугарска социјалистичка партија, со поддршка од 7-8%. Лидерката на социјалистите, Корнелија Нинова, ја претвори партијата во класична конзервативна националистичка организација, со внатрешни скандали кои доведоа до одлив на гласови во Преродба, која веќе е прифатен како подобар претставник на проруските гласови. Најголем губитник под границата од 4 отсто за влез во бугарскиот парламент е поранешната најподдржана партија Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов, која пред само година и пол имаше шанса да формира влада.

Неколку дена пред изборите кампањата станува валкана, но и хумористична, а во неа на удар се и претседателот Румен Радев иако не учествува на изборите, па и бугарскиот цар кој се гледа како покровител на Борисов.