Нејмар доби второ дете со манекенката: Ја изневери 92 пати, но таа му прости

Освен децата со Брунa, Нејмар има и син, Дави Луку (13), кого го добил кога имал 19 години со неговата тогашна девојка, Каролина Дантас.
Фудбалерот Нејмар доби второ дете со моделот Брунa Бјанкарди. Двојката го потврди раѓањето на нивната ќерка Мел, која се роди на почетокот на јули, на социјалните мрежи.
„Нашата Мел е тука за да ни ги направи животите уште поцелосни и послатки. Добредојде, ќерко. Нека Бог те благослови и те заштити од сето зло. Едвај чекаме да започнеме со тебе ова ново поглавје. Те сакаме“, напишаа тие во објавата.
Тој изневерил дури 92 пати
Да ве потсетиме дека двојката раскина само еден месец откако го добија своето прво дете во октомври 2023 година. Бруна потоа се најде во тешка ситуација кога беше откриено дека Нејмар ја изневерил додека била бремена. Според извештаите, тој ја изневерил дури 92 пати.
Бразилскиот весник „Кореио Бразиленсе“ ја објави веста за нивното раскинување со тврдењето дека бразилскиот фудбалер ја изневерил својата партнерка неверојатни 92 пати:
„По 92-та измама, врската меѓу Нејмар и Брунa Бјанкарди заврши. Двајцата веќе подготвуваат официјално соопштение, но одржуваат пријателски однос заради нивната ќерка Мавија.“
На крајот на ноември 2023 година, самата Бруна ја потврди веста за раскинувањето.
„Ова е приватна работа, но бидејќи често ме поврзуваат вести, сомнежи и шеги, би сакала да ве известам дека не сум во врска. Ние сме родители на Мавија и тоа е причината за нашата врска. Ви благодарам“, напиша таа тогаш.
Освен децата со Брунa, Нејмар има и син, Дави Луку (13), кого го доби кога имаше 19 години со неговата тогашна девојка, Каролина Дантас. По аферата што ја имаше со бразилската манекенка и инфлуенсерка Аманда Кимберли, додека сè уште беше во врска со Брунa, тој ја доби ќерката Хелена кон крајот на јули минатата година.