Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија?


Единаесет дена по оддржаните избори во САД, се уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година.

Броењето на гласовите за изборите во Претставничкиот дом се уште не е завршено во 12 конгресни дистрикти. Два во Калифорнија, седум во Њујорк, по еден во Ајова, Њу Џерси, и Јута.

Со последните објавени победи во Аризона и Џорџија, веќе е јасно дека на претседателскиот избори со голема разлика во електорски гласови победи Џо Бајден, кандидат на Демократската партија. Извесно е дека демократите ја задржаа контролата во Претставичкиот дом, но со помало мнозинство. Конечниот број на распоредот на силите ќе се знае откако ќе се објават разултатите за овие 12 мандати.

Кој ќе го контролира Сенатот ќе се знае по 5 јануари 2021 година, кога во Џорџија се оди на втор круг избори. Оваа сојузна држава дава две сенатски места.

По тесната разлика од гласањето на 3 ноември, кога републиканскиот кандидат Дејвид Пердју не го освои потребниот праг од 50 отсто гласови на излезените избирачи, ќе треба повторно да се соочи со демократот Џон Ософ. Другата трка ќе биде меѓу републиканката Кели Лофлер и демократот Рафаел Варнок, пастор на Баптистичката црква во Атланта, кои се борат да го довршат остатокот од мандатот на пензионираниот сенатор Џери Исаксон.

Засега распоредот на силите во Сенатот е во полза на републиканците кои имаат обезбедено 50 членови, додека демократите имаат 48. За да го добијат контролен глас во Сенатот по инаугурацијата на Бајден во јануари, демократите ќе треба да ги освојат двете места во Џорџија.

Затоа, сентатската трка за оваа сојузна држава е мошне жешка и се очекува да биде уште повалкана, со ангажман на главните перјаници на двете партии.

Според изданнието Хил, Лофлер веќе потрошила над еден милион долари во негативна реклама и оцрнување на Варнок, каде тој е опишан како дел од „радикалната левица“, дека е близок со комунизмот, со обвинувања дека ја славел „антиамериканската омраза“. Марко Рубио, републикански сенатор од Флорида, се обиде да ја поврзе посетата на Фидел Кастро на една њујоршка баптистичка црква во 1959 година со Варнок, каде тој работел до пред 25 години.

Штабот на Варнок ги демантира сите обвиненија како „лажни“.