Недостасуваат инспектори, а ќе има вонредни инспекции во сите јавни установи и во станбените згради


Унифицирана урбана опрема, особено во делот на угостителите и вонредни инспекции  најавија членовите на ЗЕЛС, односно сите градоначалници кои таму членуваат, најавуваат за следните денови.

Беше речено дека дури 40 оптштини немаат градежен инспектор, а најавија дека ќе бараат да се вработат наскоро.

Дополнително,  препорака до градоначалниците, до директорите на училиштата, на јавните установи да бидат откажани сите настани, а место тоа да бидат засадени дрвја во знак на почит до настраданите во кочанската трагедија.

– Инспекциите ќе продолжат не само во делот на градинките, училиштата и сите објекти од јавен карактер, туку денеска ќе дадеме како ЗЕЛС и препорака до сите општини да се направат и строги контроли до сите станбени згради и под темелни контроли да подлежат и сите урбани опреми кои се поставени во рамките на една општина. Во наредниот период ќе има секаде инспектори на терен. Она што го констатиравме заеднички е дека при координација и комуникација со многу мои колеги заклучивме дека во многу општини недостасуваат инспектори и сето тоа ќе биде надминато со меѓусебна координација во наредниот период, односно со меѓуопштинска соработка, рече Орце Ѓорѓиевски,  претседател на ЗЕЛС, со цел секој објект во државата да биде проверен.

Прашан зошто сега се дбива впечаток дека четири години ништо не се работело, па сега се растрчани да прават контроли на сите објекти, Ѓорѓиевски рече тоа е само впечаток, затоа што на пример во неговата општина Кисела Вода, на крајот од 2024 година, извршени се проверки на сите објекти како градински, училишта, културни установи, но можеби градоначалниците не дале информација во јавноста.

Вети дека во текот на утрешниот ден или во среда, јавноста ќе ги има на увид сите податоци за сите општини кога се направени последните контроли и инспекции, а со инспекторите редовно одат и инспектори од други надлежни институции како Дирекцијата за заштита и спасување, кои можат да направат контрола на ПП апаратите на пример.

Денеска била формирана работна група, која ќе работи на унифициран правилник односно програма за поставување на урбана опрема, којашто ќе биде еднаква за сите општини, затоа што во општините има различни програми и правилници.

– Ако утврди комисијата задолжена од денес, за изготвување на таа програма и правилник, дека е потребна и законска измена за да бидеме унифицирани на републичко ниво, ние тоа од законодавецот ќе го побараме. Генерално првично се смета дека нема да треба, но ако треба, ќе побараме – рече Ѓорѓиевски.

Најголемиот проблем за државата претставува урбаната опрема која е издадена за кафулињата. Во многу од состојбите се затекнати неправилности, укажано е на тие неправилности, а размислувавме да дадеме рок за отстранување на тие неправилности, а јас сметам дека треба да им дадеме на угостителите еден месец. Најчесто тоа се отстапки од елаборатот за терасите коишто ги имаат и сметам дека еден месец е доволен период, за онаму каде има утврдени нерегуларности, а потоа да постапуваме – додаде Ѓорѓиевски.

Посочи дека Горан Герасимовски од Центар веќе има изречено казни.

Кога се работи за станбените колективни згради, а Ѓорѓиевски појасни дека има Инспекторат за домување. Додека во следниот период, ќе пратат инспектори, кои треба да исконтактираат со управителите на зградите да се направи контрола на хидранти. 

За ваквите инспекции надлежна е и Дирекцијата за заштита и спасување.