Не му верувале дека не пиел, а телото му произведува пиво
Кога полицијата во Северна Каролина сопрела еден возач и се посомневала дека е пијан, тој одбил да направи алкотест, тврдејќи дека не пиел. Сепак, резултатите на крвта покажале друго.
И понатаму никој не му верувал дека не пиел. Се додека истражувачите не се заинтересирале за неговиот случај и откриле дека квасецот, односно габите во неговиот стомак ги претвораат јагленохидратите во алкохол, односно пиво.
Човекот стар околу 40 години одбил тест, поради што полицијата го одвела во болница каде откриле дека има 2,5 пати повеќе алкохол од дозволеното. Според американски стандарди тоа е како да испил 10 пива за помалку од час.
Иако тој тврдел дека не пиел, ни докторите, ни полицијата не му верувале.
Но, истражувачите од медицинскиот центар на Универзитетот „Ричмонд“ во Њујорк, откриле дека човекот ја зборувал вистината. не се налевал со пиво, туку и спротивно – квасецот во неговиот стомак јагленохидратите од храната ја претворал во алкохол. Со други зборови, неговото тело произведувало пиво.
Ова откритие е објавено во магазинот Отворена гастроентерологија. На мажот, чиј идентитет не е откриен, дијагностицирана му е состојба на АБС, позната и како синдром на стомачна ферментација. До овој синдром доаѓа кога квасецот во гастроинтестиналниот тракт доведува до тоа јагленохидратите, внесени со храната, да се претворат во алкохол.
Овој процес најчесто се случува во горниот дел на гастроинтестиналниот тракт, односно во стомакот, и во почетниот дел од тенкото црево.
„Овие пациенти имаат исти симптоми како и алкохоличарите, но разликата е во тоа што може да се лечат со антигабични лекови3, вели водачот на истражувањето.