„Не е лошо човек да се извини“: Сиљановска за навредата на Кочоска

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова има поинаков став од министерката Гордана Димитриеска-Кочоска околу навредата што ја искажа за пратеничката Славјанка Петровска на собраниската говорница. Сиљановска денеска рече дека не е лошо некогаш човек и да се извини.
Претседателката вели дека сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот.
„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера. Мислам дека тоа ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.
Министерката не се извини за зборовите што ги кажа во Собранието и рече дека барањето на опозицијата било обид за дефокусирање и дека за неа тој случај бил затворен. Зборовите на Димитриеска-Кочоска дека оние што немаат семејство или немаат деца тешко можат да зборуваат за потрошувачката кочница. Тоа наиде на голема осуда во јавноста.