НЏЗ го слави Меѓународниот ден на џезот на 30 април во паркот „Ибни Пајко“ и во МНТ

30 април е прогласен за Меѓународниот ден на џезот на 30 април, 2011 година од страна на УНЕСКО. Идејата потекнува од џез-пијанистот Херби Хенкок, кој е амбасадор на добра волја на УНЕСКО.
Овој ден се одбележува со концерти, работилници, едукативни програми и јавни настапи во повеќе од 190 земји ширум светот, обединувајќи ги заедниците, училиштата, уметниците и ентузијастите ширум светот. Џезот ја слави културната разновидност, промовира мир и меѓукултурен дијалог, поттикнува родова еднаквост и ја истакнува слободата на изразување.
Оваа година централната прослава на Денот на џезот ќе се случува во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Настанот ќе биде предводен од легендарниот пијанист Херби Хенкок и воден од Оскаровецот Џереми Ајронс, а ќе настапат низа најреномирани џез артисти од светот меѓу кои Курт Елинг, Диди Бриџватер, Маркус Милер, Артуро Сандовал, Данило Перез и други.
Кај нас централниот настан по повод меѓународниот ден на џезот ќе се одвива на две локации: Паркот “Ибни Пајко” и Македонскиот народен театар – Скопје, во организација на Националниот џез оркестар.