Навивачите во Србија од понеделник можат на трибини


 

Од 1 јуни, нашиот северен сосед, Србија, дозволи собири до 1.000 луѓе, откако решија да ги релаксираат мерките за заштита од корона вирусот.

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тешавчевиќ за Танјуг вели дека на седницата на Кризниот штаб со која претседавала премиерката Ана Брнабиќ, едногласно било одлучено да се релаксираат мерките во согласност со моменталната епидемиолошка ситуација.

Ова значи дека навивачите ќе можат да присуствуваат на натпреварите од Суперлигата на Србија, која продолжува во петок.

Веста најмногу ги израдува навивачите на Црвена Звезда, кои во случај на победа на Звезда над Рад во петок, може да се соберат на стадионот „Рајко Митиќ“ на мечот против Радник на 6 јуни и со своите играчи да ја прослават одбраната на титулата.

Како што е наведено, бројот на навивачи на трибините ќе биде ограничен на 1.000, а ќе се внимава и на другите мерки како држење физичко растојание од 1,5 до два метри.