Навални доби ултиматум


Руската затворска служба денес му постави краен ултиматум на опозицискиот лидер Алексеј Навални веднаш да се врати од Германија и утре изутрина да им се пријави на властите, или по враќање во Русија на друг датум да се соочи со  моментална затворска казна, бидејќи на 30 декември му истекува условната затворска казна, јавија британските медиуми.

Федералната служба за затвори (ФСИН) го обвини Навални за прекршување на правилата за привремено ослободување, затоа што не ја одлежал затворската казна од 2014 година, а, исто така, е обвинет и за избегнување на соочување со руските инспектори за криминал.

Навални се наоѓа на условна казна, откако беше осуден на 3,5 години затвор за кражба, што тој ја оцени како „политички мотивирана“, а условната казна истекува на 30 декември.

Како  еден од главните критичари на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, Навални во август во кома беше префлен во Германија, откако претходно колабира во авион на пат од Томск за Москва по наводно труење.

Непосредно пред заминувањето за Германија, Навални беше во болница во рускиот град Омск, бидејќи неговата здравствена состојба беше многу лоша.

Западните земји проценија дека некој се обидел да го убие со нервниот агенс „Новичок“, додека Русија соопшти дека нема докази дека е отруен и негира било каква вмешаност во инцидентот.