Научниците прогласија крај на ерупцијата на вулканот Кумбре Виеха

Научниците денеска прогласија крај на ерупциите на вулканот Кумбре Виеха на шпанскиот остров Ла Палма, кои треја близу 100 дена.
Откако проработе на 19 септември, вулканот се стиши на 13 декември, но властите, загрижени да не дадат лажна надеж на населението, чекаа до Божик да прогласат крај на ерупциите, пренесе Ројтерс.
„Тоа што сакам да го кажам денеска се неколку зборови: Ерупцијата е готова“, рече денеска регионалниот безбедносен шеф на Канарските острови Хулио Перез.
Во текот на ерупциите, лавата уништи бројни куќи, цркви и плантажи со банани, кои ја прават од економијата на овој остров.
Иако бројни објекти се уништени, никог не загина.
Директорката на Националниот географски институт Марија Хозе Бланки, на Канарските острови рече дека се укажува на тоа дека вулканот останал без енергија, но не сакаже да отфрли можност за реактивација.
Околу 7.000 евакуирани жители, некои се вратија дома, но бројни домови се ненаселиви, поради пепелта која нанесе штета.
Повеќето патишта на Ла Палма се блокирани, а до некои плантажи може да се дојде само по морски пат.
Шпанската влада вети повеќе од 400 милиони евра помош за реконструкција на островот, но некои граѓани и фармери се жалеа дека парите споро пристигнуваат, додава Ројтерс.