Научниците открија уште една тајна на „Мона Лиза“ – како е сликана
Сега се познати и техниките што Леонардода Винчи ги користел при сликање на прославеното уметничко дело
ПАРИЗ – „Мона Лиза“ се откажа од уште една тајна.
Користејќи рендгенски зраци за да ѕирнат во хемиската структура на мала дамка од прославеното уметничко дело, научниците добија нов увид во техниките што Леонардо да Винчи ги користел за да го наслика својот револуционерен портрет на жената со извонредно загадочна насмевка.
Истражувањето, објавено во средата во Журналот на Американското хемиско друштво, сугерира дека познатиот љубопитен, учен и инвентивен италијански ренесансен мајстор можеби бил во особено експериментално расположение кога почнал да работи на „Мона Лиза“ на почетокот на 16. век.
Рецептот со маслена боја што Леонардо го користел како основен слој за да го подготви панелот од дрво од топола се чини дека бил различен за „Мона Лиза“, со свој карактеристичен хемиски потпис, откри тимот на научници и историчари на уметност во Франција и Британија.
„Тој беше некој што сакаше да експериментира и секоја негова слика е сосема различна технички“, рече Виктор Гонзалес, водечки автор на студијата и хемичар во највисокото француско истражувачко тело, ЦРНС. Гонзалес ги проучувал хемиските состави на десетици дела на Леонардо, Рембрант и други уметници.
„Во овој случај, интересно е да се види дека навистина постои специфична техника за земјениот слој на ‘Мона Лиза’“, рече тој во интервју за Асошиетед прес.
Поточно, истражувачите пронајдоа ретко соединение, плумбонакрит, во првиот слој на боја на Леонардо. Откритието, рече Гонзалес, за прв пат го потврди она што историчарите на уметноста претходно само го претпоставуваа: дека Леонардо најверојатно користел оловен оксид во прав за да се згусне и да помогне во сушењето на неговата боја додека почнал да работи на портретот кој сега гледа надвор од зад заштитното стакло во музејот Лувр во Париз.
Кармен Бамбах, специјалист за италијанска уметност и куратор во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, која не беше вклучена во студијата, го нарече истражувањето „многу возбудливо“ и рече дека секој научно докажан нов увид во техниките на сликање на Леонардо е „исклучително важна вест за светот на уметноста и нашето поголемо глобално општество“.
Пронаоѓањето на пломбонакрит во „Мона Лиза“ го потврдува „духот на страсно и постојано експериментирање на Леонардо како сликар – тоа е она што го прави безвременски и модерен“, рече Бамбах преку е-пошта.
Фрагментот од бојата од основниот слој на „Мона Лиза“ што беше анализиран беше едвај видлив со голо око, не поголем од дијаметарот на човечко влакно, а доаѓаше од горниот десен раб на сликата.
Научниците ѕирнаа во нејзината атомска структура користејќи рендгенски зраци во синхротрон, голема машина која ги забрзува честичките речиси до брзината на светлината. Тоа им овозможило да го откријат хемискиот состав на дамката. Плумбонакритот е нус производ на оловниот оксид, што им овозможува на истражувачите да кажат со поголема сигурност дека Леонардо најверојатно го користел прашокот во неговиот рецепт за боја.
„Плумбонакритот е навистина отпечаток од неговиот рецепт“, рече Гонзалес. „Тоа е прв пат ние всушност хемиски да го потврдиме тоа“.
По Леонардо, холандскиот мајстор Рембрант можеби користел сличен рецепт кога сликал во 17. век; Гонзалес и други истражувачи претходно пронајдоа и плумбонакрит во неговите трудови.
„Тоа ни кажува и дека тие рецепти се пренесувале со векови“, рече Гонзалес. „Тоа беше многу добар рецепт“.
Се смета дека Леонардо го растворил оловниот оксид во прав, кој има портокалова боја, во ленено или оревово масло со загревање на смесата за да се добие погуста паста што побрзо се суши.
„Она што ќе го добиете е масло кое има многу убава златна боја“, рече Гонзалес. „Тее повеќе како мед“.
Но, „Мона Лиза“ – за која Лувр вели дека е портрет на Лиза Герардини, сопруга на трговец со свила од Фиренца – и другите дела на Леонардо сè уште имаат други тајни да кажат.
„Има многу, многу повеќе работи за откривање, сигурно. Едвај ја чешаме површината“, рече Гонзалес. (АП)