Научници тврдат дека лилјаците се отпорни на коронавирусот


Aнглија – Со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на коронавирусот, изјави Ема Тилинг, професор на Универзитетот во Даблин.

Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за коронавирусот.

– Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот, нагласи Тилинг.

Таа го започна научниот проект Bat1K, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци.