Научна фантастика за Италија: Им треба чудо против Норвешка за директно да одат на Светското првенство
Четирикратниот светски шампион, италијанската фудбалска репрезентација е во многу тешка позиција кога станува збор за квалификациите за Светското првенство следната година.
Ве потсетуваме дека Италијанците ги пропуштија последните две Светски првенства, во Русија и Катар, и евентуално трето неприсуство на големо натпреварување би било еднакво на катастрофа.
За да освојат директно пласман, „аѕурите“ би морале да ја победат Норвешка со најмалку девет гола разлика во недела на „Сан Сиро“.
Пред дуелот, Норвешка има 21 бод, Италија 18, но Норвежаните имаат гол разлика од +29, додека италијанската е на +12.
Таквиот резултат е во доменот на научната фантастика, па затоа е многу пореално да се очекува Италијанците да го префрлат фокусот на мартовските плејоф натпревари.