Натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ вечер во МКЦ


 Во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) вечер во концертната сала на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ Настанот е во рамки на фестивалот „Здраво млади“, а во соработка со МКЦ.

– По три успешни онлајн изданија, кога македонските победници беа избирани преку дигитална селекција и ја претставуваа земјата на интернационалното финале во Брисел, оваа година натпреварот првпат ќе се одржи во живо, пред публика. Во финалето на „Imagine Macedonia 2025“ ќе настапат осум бендови кои се пласираа преку националната селекција: LSD During War, Големата Вода, Мираж, VENDM, Sunneater, Tsar Von Time, Корка и The Pot. Сите натпреварувачи ќе настапат со авторска музика, информира во соопштение МММ.

Националниот победник ќе ја претставува земјава на интернационалното финале во Брисел, кое традиционално се одржува во декември и ги обединува најдобрите млади музичари од сите земји учеснички. 

Со проектот „Imagine Macedonia“ од МММ велат дека продолжуваат да ја промовира младата генерација музичари, автори и бендови, создавајќи можности за нивна меѓународна промоција, размена и вмрежување. 

Партнери на проектот се МКЦ, „Гола планина“ и „Мртов коњ“ а координаторка на проектот е Ива Дамјановски.