НАТО ќе помогне да изградиме отпорност кон хибридните закани

Делегација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, имаше состамок на експертско ниво на кој домаќин беше секретарот на Советот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница Даниела Илиоска. На состанокот се говорело за за хибридните закани и напади со кои се соочуваме како земја изминатиов период.
-Граѓаните се безбедни и безбедносната ситуација е стабилна, но се соочуваме со интензивен хибриден напад чија цел е да внесе вознемирување, страв, паника и хаос кај граѓаните“, изјави секретарот Илиоска.
„Северна Македонија се справува со намерен, издржан и циничен хибриден напад. Но како НАТО членка, не се справува со овој предизвик сама, туку е член на семејство на демократии кои стојат заедно и се поддржуваат едни со други. Имам пофалби за Владата на Северна Македонија за чекорите што ги презеде за одбрана и градење отпорност од овие сајбер и хибридни напади“, изјави Апатураи.
Понатаму, во својата изјава тој истакна дека НАТО и индивидуалните сојузници веќе споделуваат информации и овозможуваат техничка поддршка.
„За време на мојата посета дискутиравме за идните чекори што можат да бидат преземени за да се засили сајбер безбедноста на земјата и да се зајакнат механизмите за ефективна владина акција“, порача Апатураи.