Наскоро за да влезете во САД ќе треба да приложите и ДНК

Покрај тоа ќе се бараат и профилите на социјалните мрежи, мобилните броеви на целите семејства, електронските адреси...


Администрацијата на Доналд Трамп предлага промени со кои влегувањето во САД како турист ќе се претвори во ноќна мора за странците. Според информациите што доаѓаат од официјалниот предлог документ, во иднина за влегување во САД како турист ќе треба да дадете податоци и за своите профили на социјалните мрежи во последните пет години. И тоа е само дел од барањата. 

Исто така, ќе треба да ја дадете вашата ДНК, покрај отисок од прст и снимкса од окото. Ова се сите дополнителни информации што ќе треба да ги дадете како турист кој има право на ESTA (што значи оние туристи на кои не им е потребна виза, на пример од ЕУ, Велика Британија, Австралија, Јапонија и други земји без виза):

– Сите профили на социјалните медиуми од последните 5 години.
– Сите ваши биометриски податоци: лице, отпечаток од прст, ДНК и ирис.
– Сите ваши телефонски броеви од последните 5 години.
– Сите ваши е-адреси од последните 10 години.
– IP адреси и метаподатоци од вашите поднесени фотографии.
– Имиња на членовите на вашето семејство (родители, сопружник, браќа и сестри, деца)
– Сите телефонски броеви на членовите на вашето семејство од последните 5 години.
– Датуми на раѓање на членовите на вашето семејство.
– Места на раѓање на членовите на вашето семејство.
– Места на живеење на членовите на вашето семејство.
– Сите ваши службени телефонски броеви од последните 5 години.
– Сите ваши службени е-адреси од последните 10 години.

Доколку ви е потребна виза барањата ќе бидат подрастични.Ова е директно земено од документот на Министерството за внатрешна безбедност што може да се најде тука: https://public-inspection.federalregister.gov/2025-22461.pdf

Според CBS со оваа мерка ќе бидат погодени туристите од 42 земји вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Франција, Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, кои можат да патуваат во САД без виза, но мора да ја пополнат апликацијата ESTA.