НАСА ја лансира првата ракета од Австралија: „Ова е само почеток“


 

Подрачје во зафрлениот дел на Австралија влезе во историјата како место од каде НАСА лансира први ракети за комерцијална употреба надвор од САД.

Суборбитална ракета лансирана е рано утрово по локално време. НАСА наведува дека овој потфат ќе им овозможи на астрофизичарите да направат истражувања кои моќе да се спроведат само на јужната полутопка. Научниците се надеваат дека собраните податоци ќе им помогнат во проучување на влијанието на светлината на ѕвездите на населивост на блиските планети.

Ова, исто така, беше прво лансирање во Австралија во последните 25 години, пишува Би-би-си.

„Сѐ се случи за миг“

Локални ентузијасти поминаа долг пат за да го видат лансирањето на ракетата на која ѝ требаше 10 секунди да влезе во Земјината атмосфера.

„Сѐ се случуваше за миг, но јас тоа го доживеав како да гледам успорена снимка затоа што целото подрачје едноставно беше осветлено“, рече директорот на училиштето „Јиркала3.

„Во еден момент имаше силна бучава, како што не сум слушнал досега во животот. Целиот се стресов“, додава тој.

Австралија сѐ повеќе работи на вселенски програми

Ракетара долга 13 метри не престојуваше долго во атмосферарата, падна назад на Земјата по планираните 15 минути. Но собраните податоци ќе помогнат во разоткривање на тајните на ѕвездите оддалечени од Земјата 430 милиони светлосни години, рече Мајкл Џонс, извршен директор на вселенскиот центар „Equatorial Launch Australia“.

„Се работи за голема рендген камера која ги набљудува различните астролошки феномени и се обидува да ги сними ѕвездите во Млечниот пат, посебно соѕвездието Алфа Кентаур“, вели Џонс.

Австралија, во последно време, сѐ повеќе работи на својата вселенска прогама и се обидува да држи чекор со амбициите на Русија и на Кина. Вселенскиот центар „Арнем“ е прво и единствено лансирно место во комерцијална сопственост на екваторот.

„Ова е само почеток“

„Постигнавме извонреден подвиг. Тоа потврдува дека Австралија може, исто така, да ѝ пристапи ан вселената. Ова е само почеток“, вели Џонс.

Се очекува следното лансирање да се одржи на 4 јули. НАСА се обврза да го собере целиот материјал и кршот и да ги врати во САД.