Народниот музеј во Велес ќе штеди струја со фотоволтаични панели на покривот


На покривот на  ЛУ Народен музеј во Велес поставени  се фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична енергија. Како што информира за МИА директорот Ангел Коруновски, инвестицијата на овој значаен проект е од нивни средства со поддршка на Општина Велес.

-Со овој проект многу ќе заштедиме на сметките на електричната струја, кои потоа ќе ги пренамениме за други проекти на наша ЛУ Народен музеј, појасни Коруновски.

Инаку со подршка на Општина Велес фотоволтаични панели на покривите за сопствено производство на електрична енергија во изминативе две години веќе поставија сите велешки училишта и локални установи.