Народната банка работи на подготовки за дигитален денар


Во Народната банка се почнати активности со кои се разгледува можноста и потребата од воведување дигитален денар.

Оваа информација ја обелодени гувернерката Анита Ангеловска Бежоска во обраќањето на свеченоста по повод 30 години монетарна самостојност што се одржа синоќа во Скопје.

Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата“, рече Ангеловска – Бежоска.