Народната банка предвидува пад на БДП од 3,5 отсто


Народната банка ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народата банка проектира раст од 4,7 отсто.

Ова го соопшти гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска на денешната прес – конференција на која рече дека се очекува пад на личната потрошувачка од четири проценти, пад од 10 отсто кај бруто инвестциите, кај извозот 17 проценти, кај увозот 15 проценти.

Народната банка прави ревизија и кај инфлацијата, така што за годинава според проекцијата ќе биде околу нула во однос на претходно предвиденот од 1,5 отсто, додека за наредната година на 1,5 отсто.

Ревизијата следи како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот.

Народната банка прави редовни проекции двапати во годината едната е во април, а другата во октомври.