Нарко-босот Ел Менчо погребан во златен ковчег во Гвадалахара


Водачот на мексиканскиот картел Халиско, Немесио Осегуера Сервантес „Ел Менчо“ беше погребан во златен ковчег, со големи цветни венци, на гробиштата во Гвадалахара, а присуствуваа голем број воени лица.

Погребната поворка наводно била придружувана од музичари и неколку десетици луѓе, од кои многумина носеле црни чадори и покрај сончевиот ден, објавува ABC News.

Канцеларијата на државниот обвинител претходно одби да ја потврди локацијата на погребот на Ел Менчо од „безбедносни причини“, а безбедноста околу погребалниот дом наводно е засилена од неделата.

Ел Менчо беше убиен од мексикански војници пред нешто повеќе од една недела за време на обид за апсење, а неговото убиство предизвика насилство во околу 20 држави, оставајќи зад себе повеќе од 70 мртви.

Мексиканската влада соопшти дека безбедносните операции против други високи членови на картелот продолжуваат.

Во Мексико е вообичаено погребите на нарко-босовите да бидат обвиткани во мистерија, а во рок од неколку часа по смртта на Ел Менчо, веќе се пишуваа балади, познати како наркокоридос, за неговото убиство.

Во соседната мексиканска држава Синалоа, каде што се наоѓа истоимениот картел, постојат гробишта познати по своите луксузни крипти и мавзолеи за поранешни полициски началници како што е Игнасио Коронел, стар соработник на Ел Менчо, како и нарко-бос познат по тоа што бил убиен двапати – во 2010 и 2014 година – Назарио Морено, водачот на насилниот и псевдорелигиозен картел „Витези Темплари“.

Се додава и дека понекогаш телата на убиените нарко-босови исчезнуваат, како што е Хериберто Лазкан, водачот на Зетас, чие тело било украдено во 2012 година, или тие ги губат животите под бизарни околности, како што е Амадо Кариљо Фуентес, „Господарот на небото“, кој починал за време на лошо извршена пластична операција,