Напнато во Калининград: Литванија може да го затвори транзитот
Властите на Калинингратската област се плашат дека Литванија би можела во потполност да го затвори транзитот во регионот, изјави губернаторот Антон Алиханов.
„Да не бевме загрижени немаше на крајот на 2016 година да донесеме одлука дека е неопходно да се градат траекти“, рече тој одговарајќи на прашањето дали властите во регионот се плашат дела Литванија може да го забрани транзитот.
Вилнус од 18 јуни го забрани превозот преку своја територија до Калининградската област за стоки кои се под санкции од ЕУ: градежен материјал, метал, дрво, цемент, ѓубриво, алкохол, икра и други категории. Генерално, околу половина од целокупниот обем на испораки. Според тврдењата на литванските власти, се придржуваат до санкциите на ЕУ.
Европската комисијапотоа, објави соопштение во кое појаснува дека транзитот во Калининградскиот патен сообраќај останува под забрана, а транзитот по железнички пат е можен со одредена контрола.