Напнато во Белград поради муралот на Ратко Младиќ, полицијата ги раздвојува десничарите и граѓаните


Вечерва во Белград, главниот град на Србија е напнато, затоа што група демонстранти, граѓани и активисти на невладини организации, но и членови на опозицијата сакаа да искажат незадоволство од инцидентот во улицата „Његош“, активистки со јајца го гаѓаа муралот на Ратко Младиќ, а потоа беа приведени.

Но, на демонстрантите на пат им застана интервентната полиција и не им дозволи да му пријдат на муралот.

Приврзаниците на Младиќ со штици гаѓаа во насобраните граѓани

Како што јави Нова.рс, кордон интервентна полиција ги блокираше сите приоди кон муралот, а на улица излегоа и денсничари, приврзаници на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Негвоите приврзаници преку кордонот полиција гаѓаа насобрани граѓани со штици, јави Нова.

Десничари кои скандираат „Младиќ“, се појавија во близина на групата активисти кои ги сопре полицијата, а кои вечерва тргнаа кон муралот на Ратко Младиќ.

Се работи за помала група десничари, главно млади мажи. Велат дека се собрале за да го „испочитуваат ликот и делото на Ратко Младиќ“ и „да му искажат благодарност“ , а кога новинарите констатираат дека се работи за воен злосторник , еден од групата вели дека тие не го признаваат Хашкиот суд.

Инаку, муралот со ликот на Ратко Младиќ, неодамна осамна на акголот од улицата „Његошева“, а ден подоцна, непознато лице на рацете му доцрта крв, алудирајќи на злосторствата кои ги направил.

Иницијативата на младите за човекови права во Србија за денеска најави отстранување на муралот.