Наоми Кембел стана мајка на 50 години: Немa поголемa љубов


Англија– Наоми Кембел (50) стана мајка. Британскиот супермодел ја сподели својата изненадувачка вест со светот денес преку фотографија објавена на Инстаграм каде што е ги гали нозете на новороденче.

„Убав мал ангел ме избра да бидам нејзината мајка“, напиша таа. Толку ми е чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови што ја опишуваат доживотната врска што сега ја споделувам со тебе, мој ангел “, продолжува под натписот. „Нема поголема љубов“, напиша таа.
Веста доаѓа скоро две години откако Кембел во интервју за WSJ Magazine во 2019 година откри дека не е подготвена за мајчинство на 49 години. „Сè уште не – ќе видам што ќе ми донесе универзумот“, рече тогаш.

Кембел не открива детали  за околностите како станала мајка.

Супермоделот, родена во Лондон ја започна кариерата на  15 години и сега, на возраст од 50 години, сè уште може да се пофали со завидно манекенско портфолио. Таа е една од ретките топ-модели во светот која ја ангажираат  на ревии, како заштитно лице на брендови и на гала-настани како почесна гостинка.

Кариерата и беше молскавична а некои модни моменти испишаа историја:Таа беше првиот црн модел што ја отвори ревијата на Прада и која позирала за насловниците на францускиот„Вог“ и на TIME.

Една од тајните на Наоми е што знаеше да се прилагоди на времето и да биде камелеон во стилот со текот на годините. Освен нејзиниот најпознат изглед – црна коса долга до половината, извајани коски на образите, долги нозе за кои повеќето од нас можеше само да сонува, занесни кафеави очи и иста тежина- таа знаеше да изненади со боб фризура, со природни кадрици… и пак да биде истата Наоми.