Намалена цената на свинско месо жива мера

Во рок од два месеца одгледувачите на свињи трипати ја намалија цената на свинското месо жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во моментов цената на свинското месо жива мера изнесува 110 денари и со ДДВ е и до 118 денари. Тој посочува дека поголемите производители на свинско месо се договориле да ја намалат цената, но дополнително влијаат намалената потрошувачка за време на Велиденските пости, но и забраната за увоз на свинско месо.
-Сега имаме забрана за увоз на свинско месо, опадната е и куповната моќ. Таа цена од 118 денари во моментов е прилично добра, што викат одгледувачите на свињи дишат на шкрги, уште не се со некоја загуба, бидејќи летоска кога беше жетвата јачменот и пченицата се откупија евтино по девет или десет денари. Калкулацијата не е добра, но не е со некоја загуба, а ако продолжи вака нема да биде добро за фармите што произведуваат свинско месо. Сега засега ситуацијата е таква, вели Сарафимов.
Прашан дали сопствениците на свињарски фарми по африканската чума работат на обновување и зголемување на бројот свињи, Сарафимов вели дека сите фарми се обновени и какошто вели има и дополнително нови, кои се изградени.
-Има нови фарми коишто сега се градат и морам да кажам дека во моментов е забранет увоз на свинско месо поради лигавка и шапот и сега имаме малку добра работа, поради тоа што е забранет увозот од свињарските фарми даваат свињи на преарботувачките капацитети за преработка на свинско месо и тука се балансира цената, рече Сарафимов.
Тој истакна дека бројот на свиња во земјава не е намален, туку какошто рече, можеби е и зголемен во овој момент.