Намален бројот на ученици во учебната 2022/2023 година


Фото: Независен

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185.099, што претставува намалување за 0,8 отсто во однос на претходната учебна година.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2022/2023 година, изнесува 69.227, што претставува намалување за 2,5 отсто во однос на претходната учебна година.