Најтежок ден за Србија, 3.536 заразени, починаа 21 пациент

Во последните 24 часа 12.514 лица биле тестирани за вирус на корона во Србија, 3.536 од нив биле позитивни, додека за жал починале 21 лице.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците низ Србија има 143 пациенти на респиратори.

Според српските медиуми новиот состанок на Кризниот штаб за борба против Ковид-19 ќе се одржи утре, а како што најави градоначалникот на Белград, д-р Зоран Радојичиќ, извесно е воведување на нови, построги епидемиолошки мерки.

Претседателот на Србија, Александра Вучиќ, денеска истакна дека ова е најтешкиот ден за Србија според бројот на смртни случаи и бројот на заразени од почетокот на епидемијата на вирусот корона.

Состојбата во училиштата во врска со вирусот корона не е алармантна и засега не укажува на потреба од нивно затворање, вели министерот за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ.