Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3


Изутринава најстудено е во Берово каде се измерени -5 Целзисуови степени, а најтопло во Виница со измерени 3 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Измерените минимални температури изутринава се од -2 во Mаврови Анови, -1 во Битола, Струмица, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово и Претор, 1 во Велес, Kрушево, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Охрид.

Најголема снежна покривка има на Попова Шапка, каде изутринава се измерени 54 сантиметри.