Најстудено утрово во Берово, најтопло во Гевгелија


Фото: Б. Грданоски

Најстудено утрово е во Берово, а најтопло во Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Измерени се 4 степени под нулата во Берово, минус 3 во Битола, минус 2 во Тетово, Скопје – Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, минус 1 во Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 во Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 1 во Претор, 2 во Виница, Попова Шапка, 4 во Крушево, 6 во Гевгелија.

Во седум часот, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 34 сантиметри, Маврови Анови – 26 сантиметри.

Времето преку денот се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност, поголема попладне. Најавено е да дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура се очекува да достигне од 8 до 17 степени. Во Скопје, максималната температура најавено е да достигне до 13 степени.