Најскапите билети за финалето на УС Опен по цена од 45.000 долари


Овогодишното издание на Отвореното првенство на САД (УС Опен) се очекува да биде најскапо во историјата, а организаторите претходно се пофалија дека наградниот фонд достигнал 90 милиони долари, што е за 20% повеќе од парите што беа доделени минатата година.
Весникот „Газета дело Спорт“ објави денеска дека најскапите билети за машкото финале на теренот „Артур Еш“ ќе чинат 45.500 долари, а просечната цена на билет за финалето ќе изнесува 4.000 долари.
Со оглед на тоа што на трибините има точно 23.771 седишта, тоа значи дека приходите само од финалето ќе бидат над 95 милиони долари, или повеќе од наградниот фонд на целиот турнир.
Најевтините билети за турнирот почнуваат од 680 долари.