Најнизок водостој во историјата на најдолгата река во Полска
Најдолгата полска река Висла има најниско ниво на вода во историјата, објави државниот хидрометеоролошки институт (IMGW), наведувајќи ја долгогодишната суша како причина.
Нивото на водата на Висла во Варшава е за еден сантиметар понизок од 2015 година, кога ситуацијата беше најлоша, објави IMGW.
„Полошо е од 2015 година, а нивото на водата се уште паѓа! објави институтот на Х.
„Климатските промени се виновни за фактот што водостоите на повеќето полски реки се екстремно ниски“.
Поради сушата, водостојот на повеќето полски реки е екстремно низок, изјави за АФП хидрологот на IMGW, Гжегож Валијевски. Тој објасни дека климатските промени се виновни бидејќи поблаги зими со помалку снег, помалку врнежливи денови и повисоки температури го намалуваат нивото на водата во реките.
Stacja Warszawa-Bulwary, rzeka Wisła🌊
💧Rekordowo niski stan wody z 2015 roku (26 cm) został właśnie wyrównany.
📉W związku z brakiem opadów i wysoką temperaturą, należy spodziewać się dalszych spadków stanu wody, nawet do ok. 24 cm.
➡️https://t.co/X2aDusJIqf#Wisła #susza pic.twitter.com/UNMMQ83b2f— IMGW-PIB METEO POLSKA (@IMGWmeteo) September 7, 2024
Висла, која со повеќе од 1000 километри е најдолгата полска река, ја дели земјата на половина и се влева во Балтичкото Море.
The longest and the most important river in Poland #Vistula recorded the lowest water level in its history since measurement has been undertaken due to lack of precipitation, drought and heatwaves. #Climatecrisis is visible with the naked eye and it is unfolding. More years with… pic.twitter.com/PYJ4IwwAQU
— Joanna Kędzierska 🇵🇱🇺🇦 (@joakedzierska) September 8, 2024