Најмалку тројца загинати и петмина повредени во рускиот напад врз Костјантинивка


Руските сили го гранатираа резиденцијалниот дел на Костјантинивка, околу 14 километри од зоната на активни борби, при што загинаа две жени, соопштија локалните власти.

Подоцна руските сили погодија уште едно станбено подрачје, при што загина уште една жена, а пет цивили се повредени.

Регионот Доњецк, делумно окупиран од руските трупи, редовно е изложен на руски гранатирања и воздушни напади.