Најмалку десет рудари заробени во поплавен рудник во централна Кина


 Повеќе од десет лица се заробени во поплавен рудник за јаглен во провинцијата Хунан, во централниот дел на Кина, соопштија денеска локалните власти.

Кинеската агенција Ксинхуа јави дека е поплавен рудник за јаглен во градот Лиџијанг.

Раководството на рудникот наведува дека е во тек спасувачка операција.